Наша визија
Визијата на CaSys International е да ја задржи својата позиција како регионален лидер во воведувањето на најновите достигнувања на информатичката технологија во електронското плаќање со картички.

Прв сертифициран процесор од MasterCard и Visa International за издавање и опслужување на chip картички во регионот.

Во оваа насока CaSys International наскоро планира воспставување на:

bill payments со што ќе се овозможи плаќање со картички на сметки за вода, струја, парно, телефон и др. преку интернет

money transfer (P2P, B2B, P2B, B2P) односно трансфер на пари со картички од една на друга сметка

SMS alerts и др.



Стратегија

водечка позиција во регионот

давање на услуги и сервиси како за македонските банки така и за странски банки

развој и збогатување на своето портфолио

давање на квалитетни услуги према своите клиенти


Вредности

CaSys International ја следи политиката и принципите на динамична, инвентивна, модерна и одговорна компанија.

Менаџерскиот тим на CaSys International е предводен од страна на генералниот директор на друштвото како лидер на менаџерскиот тим и е запознаен со својата улога за воведување, поддржување и континуирано подобрување на системот за квалитет и се обврзува, како свој континуиран ангажман да:

го информира персоналот и да ја разјаснува важноста на исполнувањето на барањата на клиентите и нормативните акти во целата фирма

ја определува политиката за квалитет

ги определува стратегиските цели за квалитет во согласност со политиката за квалитет

ја популаризира политиката и целите на сите нивоа и да го обезбедува максималното користење на можностите на персоналот за нивното извршување

организира и спроведува периодични преиспитувања заради анализа и оценување на приспособеноста и ефективноста на системот за квалитет

обезбеди неопходни ресурси и соодветна организациона структура

обезбеди континуирано одржување на сертификат за работа од меѓународните мрежи MasterCard и VISA
  Правна напомена    Политика на приватност