back

Политика за квалитет

Главна цел на тимот на КАСИС е обезбедување на квалитетна сервисна услуга за своите клиенти, која што одговара на сите нормативни барања и е во согласност со меѓународните мрежи на MasterCard и VISA.

КАСИС континуирано го следи степенот на задоволство на клиентите, детално ги разгледува сите препораки, барања и рекламации, и истите ги користи за подобрување на сервисите и за усовршување на системот за управување со квалитет.

КАСИС, од самиот почеток на своето постоење, вложува во својот висококвалификуван и мотивиран тим на професионалци. Ние, покрај грижата за нашите клиенти, се грижиме и нашите вработени да бидат задоволни, за нивните придонеси во работењето да бидат уште поголеми. Затоа, тимот на КАСИС е мотивиран, а нашите клиенти се задоволни и нивните барања се исполнети. Ние ја задржуваме свесноста на секој вработен за неговата важност во придонесот на целата компанија.

КАСИС е поддржан од системот за управување со квалитет и ги поседува сертификатите ISO 27001/ISO 20000-1.

КАСИС применува процесен приод кон создавањето и одржувањето на системот за управување со квалитет. Врши идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на своите услуги. Определува и собира неопходни информации за протокот на тие процеси и ги мери резултатите во однос на нивната продуктивност и ефикасност.

Менаџерскиот тим на КАСИС периодично извршува контрола на политиката за квалитет и функционирањето на системот за управување со квалитет. Континуирано се грижи за поставување на нови цели за зачувување и подобрување на квалитетот на услугите кои ги дава. КаСис им гарантира на своите клиенти максимално исполнување на сите преземени ангажмани.

За нас